Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе продолжи ли променливото време

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе продолжи ли променливото време

Продолжува променливото и нестабилно време.

Според метеоролозите денес не очекува променливо облачно и нестабилно време, особено попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневните температури на водухот ќе се движат во интервал од 16 до 26 степени. Најтопло за денешниот вторик според синоптичарите ќе биде во југоистокот од земјава.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно и нестабилно, особено попладне со локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури на воздухот во главниот град ќе достигнат максимални 24 степени целзиусови.

До утре,според управата за хидрометеоролошки работи ќе се задржи променливо и нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе има значителен пораст на температурата.


Слично

Поврзани вести