Економија, финансии, бизнис

Контакт

Временска прогноза: Ќе биде топло, ама со пороен дожд

Временска прогноза: Ќе биде топло, ама со пороен дожд

Триесет и девет максимални степени ќе достигне дневната температура во текот на денешниот ден.

Метеоролозите предвидуваат жежок ден со можна нестабилност пред се во западните региони со пороен дожд и грмежи.

УВ индексот ќе достигне високи 9.

Сончево и топло со нестабилна облачност ќе биде и во главниот град.

За Скопје синоптичарите денеска предвидуваат максимални 36 степени дневна температура.

Слично време во земјава ќе има и за време на продолжениот викенд. Понестабилно време се очекува во сабота со пороен дожд и грмежи додека посвежо ќе биде од недела.

Слично

Поврзани вести