Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме на првиот понеделник од септември?

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме на првиот понеделник од септември?

Пред нас е првиот понеделник од месецот кој почна пред четири дена и истиот ни носи пријатен ден.

Север и запад да очекуваат умерена облачност, додека другите региони ширум државата ќе се радуваат на претежно ведро време.

Северен ветер метеоролозите најавуваат за пладне и попладне а ќе падне и температурата за неколку степени од минатите денови.

Максималната вредност на термометарот ќе достигне 26°С и 28°С долж повардарето и југоисточниот крај, додека останатите делови ќе имаат помеѓу 23°С и 26°С.

Во Скопје се најавива претежно сончево време со слаб ветер од северен правец и со максимална температура до 26°С.

Слично

Поврзани вести