Временска прогноза: Каде и кога денес се очекуваат снежни врнежи
Оваа работна недела ја започнуваме со облачно време во главниот град. Облачноста ќе биде изразена скоро во сите делови на државата, а ќе биде проследена со на моменти силен северен ветер. Како што ќе се приближуваме кон крајот на денот, така ќе стануваат поголеми шансите за слаби врнежи од снег кои најмногу се очекуваат на запад и југ. Максималната дневна температура се очекува да биде од 0 до 8 степени, а во Скопје до максимални 6.
Слично
