Економија, финансии, бизнис

Контакт

Временска прогноза: Еве какво време ќе имаме денес и во следните неколку дена

Временска прогноза: Еве какво време ќе имаме денес и во следните неколку дена

Претпладне претежно облачно, преку денот посвежо со повремен локален дожд, а попладне променливо облачно. Ова е прогнозата на УХМР за денеска. 

На средината на денот како што се соопштува ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североиисточен ветер.

Максималните дневни температури ќе се движат од 8 до 18 степени целзиусови.

Нестабилно ќе биде и утре.

Сончево со умерена облачност и потопло време нѐ очекува во среда. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови.

Прогноза за 05.05.2022

Минимална температура: 3°C до 9°C Максимална температура: 19°C до 26°C

Прогноза за 06.05.2022

Минимална температура: 5°C до 11°C Максимална температура: 19°C до 24°C

Прогноза за 07.05.2022

Минимална температура: 6°C до 11°C Максимална температура: 17°C до 23°C

Слично

Поврзани вести