ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве какво време ќе имаме денес
Управата за хидрометеоролошки работи ја информира
јавноста дека денес се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од
западен правец. Попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи во северниот и
југозападниот дел од земјава.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 16 до 30 степен целзиусов.
Во Скопје се очекува слично време, односно сончево со мала до умерена облачност, од пладне со услови за краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и краткотрајно засилување на ветерот со максимални 28 степени.
Во петок и сабота претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер. Во недела и понеделник се очекува процесите да бидат поинтензивни, а врнежите пообилни.
