ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Денеска ќе биде навистина жешко
Денеска температурата ќе се искачи до 37 степени, а УВ индексот ќе има висока вредност.
Времето денеска ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 36 степени.
Од утре во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, но врнежите нема да бидат пообилни. Во следниов неколкудневен период максималните температури ќе бидат во благо опаѓање.
Слично
