ВРЕМЕ ЗА ВИКЕНДОТ: Ќе наврне дожд до 25 литри на метар квадратен
Во Македонија во сабота ќе имаме уште еден сончев ден и надпросечно топло време, со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 27 до 37 степени.
Промена на временската состојба ќе следи во недела со преодна дестабилизација на времето. Ќе биде умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд, ветровито и посвежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните и источните предели, локално и до 25 литри. Утринските температури ќе бидат од 11 до 20 степени, додека пак дневните од 23 до 33 степени. Во понеделник и вторник се очекува свежо утро со температури од 5 до 14 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност, ветровито и свежо време со пад на температурите. Во понеделник дневните температури од 18 до 28 степени, додека пак во вторник зголемување на облачноста и максимални температури од 17 до 27 степени.
