Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕ ЗА ВИКЕНДОТ: Ќе имаме свежи утра

ВРЕМЕ ЗА ВИКЕНДОТ: Ќе имаме свежи утра

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно преку ден со сончеви периоди долж Повардарието, а утрото ќе биде свежо. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Минималните температури ќе се движат од 4 до 13 степени, а максималните дневни од 11 до 22 степени. 

Утре и понеделник ќе имаме по студено утро со утрински температури кои ќе се движат од 2 до 11 односно од 3 до 12 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека во текот на денот во недела и понеделник ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и малку потопло време со максимални температури кои што ќе се движат во интервал од 13 до 24 односно од 15 до 26 степени.

Преодно наоблачување со услови за повремен дожд на северот се очекува од средината на следната работна седмица.

Слично

Поврзани вести