Време со летни температури, од петок пак дожд
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Попладне, во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи.
Утринската темпаратура ќе се движи од 8 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе биде во интервал од 19 до 29 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 29 Целзиусови степени.
До четврток ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот. Во попладневните часови во планинските предели е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Од петок нашето подрачје ќе потпадне под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе условат поројни врнежи од дожд проследени со грмежи.
