Економија, финансии, бизнис

Контакт

Време е раселените од поплавите да ги напуштат студентските домови

Време е раселените од поплавите да ги напуштат студентските домови

79 жители од поплавените подрачја кои настрадаа во август минатата година, треба да го напуштат студентскиот дом Томе Стефановски Сениќ и да се вратат во своите домови. Ова е одлуката на Министерството за труд и социјална политика, чиј прв човек оцени дека се создадени условите жителите да се вратат дома. 

Според министерот Ибрахим Ибрахими, само две семејства ќе бидат сместени во центарот „25 Мај“ кој е во надлежност на ова Министерство, бидејќи според него, непотребно е и натаму да се трошат средства за престој на жителите во студентскиот дом.

„Екипите се излезени на терен каде пробламатични се оценети две, три семејства. Тие ќе бидат сместени во центарот 25 мај и нема да го платиме домот Синич. Никој нема да остане надвор на улица и доколку се појават дополнителни лица, ќе ги сместиме во нашите објекти само да не плаќаме веќе во Сенич околку 1 милион и 200 илјади денари. Поголемиот дел од нив имаат услови за да се врата дома“. – изјави Ибрахим Ибрахими, министер за труд и социјална политика

Директорот на домот „Томе Стефановски Сениќ“, Лулзим Џемаили вели дека одлуката е донесена вчера и тој ќе треба да ја почитува. Сепак, според него, таквата одлука не е праведна затоа што тој ја знае добро состојбата на овие жители.

„Информациите од министерот за труд и социјална политика се многу контрадикторни. Врз основа на нашите информации, рокот треба да се продолжи до 1 мај, но изгледа дека продолжува шегувањето со жителите. Но, каква и да е одлуката на Министерството и на Владата, ќе треба да се почитува“. – изјави Лулзим Џемаили – директор на студентскиот дом

Алсат М беше во Инџиково и во Сингелиќ од каде се мнозинството жители кои престојуваат во студентскиот дом. Нашата екипа ги посети куќите на две семејства кои требаа да се вратат дома. Едната куќа е без никакви елементарни услови за живеење, а другата е целосно срушена. Новиот објект кој се гради е само на столбови. Жителите велат дека не знаат кај ќе бидат сместени и апелираат да се продолжи рокот.

„Немам кај да одам. И вие гледате дека немам каде, да имав ќе излезев. Немам ни алишта, ништо, каде ќе се сместам?! Тука не се живее. Нека ми помогне некој!” – изјави Вазфие Фалиовска, жителка на Инџиково

„Ни велат да излеземе од домот но немаме каде да одиме. Нека ни се продолжи рокот барем уште два месеци. Ни велат да одиме на друго место, во 25 Мај, како бегалци, но ние не сме бегалци за да одиме таму“. – вели Азир Рушити, жител на Сингелиќ

Малите суми за обесштетување од Владата по поплавите на 6 август минатата година, придонесоа овие жители да не можат да ги обноват своите куќи.

Извор: alsat-m.mk

Слично

Поврзани вести