„ВРЕМЕ Е БУГАРИТЕ ДА СЕ ВНЕСАТ ВО УСТАВОТ“: Најчевска вели тоа да е во замена за почеток на разговори за штетите од Бугарија од Втората светска војна
Професорката Мирјана Најчевска смета дека е време за компромис со Бугарија, кој ќе донесе нивно внесување во Уставот, во замена за старт на разговорите за влез во ЕУ.
„Мислам дека е време за копмпромис. Бугарите да се внесат во Уставот на Македонија како малцинство на овие простори во замена за почеток на разговори за репарации на штетите и жртвите направени на нејзината територија за време на окупацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна.
И тоа да биде дел од наредниот Протокол со Бугарија“, напиша таа.
Слично
