Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕ: До кога ќе не држат поларните температури и снег?

ВРЕМЕ: До кога ќе не држат поларните температури и снег?

Претежно облачно и студено време со повремени локални врнежи од снег со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет. Ваков ден не очекува денеска според прогнозите на Славчо Попоски.

Врнежите ќе бидат повеќе застапени во јужните и во источните предели.

Минималните температури утре ќе се движат во интервал од -19 до -8 додека на повисоките планини истите ќе се спуштат под -20 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од -10 до -2 степени.

Прогнозите велат дека студеното време со ниски поларни температури ќе се задржи неделава ама и следнава кога се очекуваат повторно снежни врнежи.

За десетина дена температурите ќе бидат во благ пораст и ќе се движат над нулата, односно околу 3 степени во главниот град.


И деновите утринската температура сеуште ќе биде ниска. Нови врнежи од снег метеоролозите најавуваат повторно утре и за викендов.

Слично

Поврзани вести