Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕДИ: Вредноста не се мери во променети логоа, „Фронтот“ на ДУИ го напуштаат партии и поддржувачи

ВРЕДИ: Вредноста не се мери во променети логоа, „Фронтот“ на ДУИ го напуштаат партии и поддржувачи

ДУИ и нејзините сојузници ја претворија политиката во игра на логоа и бои. Понекогаш се прогласуваат за Европски фронт, понекогаш за Национален фронт, денес под името НАИ, секој ден нов идентитет, само за да ја сокријат внатрешната криза и 22-годишните неуспеси, наведуваат од Вреди во соопштение до јавноста.

„Ова е јасен показател за партија која не знае која е и каде оди. Еден ден зелена боја, следниот ден сина, но во секој случај, граѓаните ги гледаат истите луѓе, со истите неуспеси и истата корупција“, стои во соопштението.

Од тму посочуваат дека фронтот на ДУИ го напуштаат партии и поддржувачи.

„Во меѓувреме, “Фронтот“ еден по еден, го напуштаат, турската партија, која беше сериозна сила со околу 20 илјади поддржувачи, си замина; Мендух Тачи си замина, и ова е само почеток. Силите што во минатото жестоко се судрија едни со други, денес се обидуваат да се сокријат под заедничко лого, но граѓаните добро знаат дека ова е само фасада. Од друга страна, ВЛЕН никогаш не била поуникатна, никогаш пообединета. Го докажуваме ова секој ден, во секоја одлука и пред сè со нашите заеднички кандидатури, кои се надежта на граѓаните за промена“, велат од таму.

Според нив на изборите во октомври, Вреди ќе биде победникот.

„Вредноста не се мери со променети логоа и бои, туку со конкретни дела за граѓаните. Во овој поглед, ВЛЕН е единствената вистинска алтернатива за промени и развој. 22 години на власт, а сега мислат дека со промена на боите и името можат да ја избришат историјата на измами. Но, Албанците не забораваат: корупцијата, пазарењето и разочарувањата не се покриени со никакво ново лого. Октомври ќе има само еден победник, а тоа е ВЛЕН“, додаваат во соопштението.


Слично

Поврзани вести