Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВРЕДИ“: Уапсениот за опожарените возила и дуќан е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами

„ВРЕДИ“: Уапсениот за опожарените возила и дуќан е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами

Oд „Вреди“ велат дека уапсениот за опожарените возила и дуќан е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами. 

Ја поздравуваат брзата реакција на полицијата и откривањето на лицето кое запали и опожари автомобили и една фотокопирница. Од коалицијата информираат дека уапсениот е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами, чиј автомобил беше опожарен.

„Ја повикуваме ДУИ да има конструктивна улога во опозицијата, бидејќи на нашето општество како аспирација за членство во европското семејство му треба сериозна и одговорна опозиција. Но, не со контаминирани бројки и со овие гнили идеи кои не даваат резултати. Ако продолжат вака ДУИ ќе остане уште долго во опозиција“, велат од „Вреди“.

Додаваат дека грижата не е само збор туку и дело, а тоа се докажа денеска кога високата одговорност и бескомпромисната професионалност на истражните органи откри случај кој открива многу. 

„Со апсењето на лицето што запали автомобили и објект во Куманово, се открива долгоочекуваната вистина за граѓаните на оваа држава, но и за сите останати. Со новата Влада, како и секој друг случај, и овој случај беше истражен во рекордно време, што уште повеќе и подобро ја разјаснува ситуацијата. Уапсениот е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами, чиј автомобил исто така е запален. Но, како резултат на лажниот театар, овој никаде не се појави да подигне сомнеж за да создаде јасен терен неговата партија да одржува прес-конференции и да ги вознемирува граѓаните бидејќи ситуацијата излезе од контрола. Јавноста сега ќе има уште поголема јасност од кои центри се издаваат наредбите за нарушување на редот и мирот. Затоа што е апсурдно само по себе да се користат вакви случаи за сеење страв во сржта на граѓаните. Затоа што по принципот на нивното работење, исплашените граѓани полесно се манипулираат. А ние како ВЛЕН на сегашната Влада ова не го дозволивме и нема да дозволиме никаков сличен обид во иднина“, наведуваат од „Вреди“. 

Полицијата информираше дека е расчистен случајот со опожарувањето. Според полицијата, денеска во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсиле Ф.А.(35) од Куманово. Истата вечер беше запалена и фотокопирница на советник на ДУИ во Куманово.

Слично

Поврзани вести