Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

Министерството за внатрешни работи потврди дека постапува по пријава во врска со пукање од огнено оружје на прославата на коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН) во тетовско Ларце, по прегласувањето на парламентарните избори од пред два дена.

За време на прославата на коалицијата „Вреди“ во тетовско Ларце вечерта на 22 мај околу 22.00 часот било пукано од огнено оружје, според медиумски извештаи. Било пукано од пиштоли и од автоматско оружје.

Од МВР за „360 степени“ информираат дека пријавата за пукањето на прославата во Ларце била поднесена вчера, еден ден по славјето, во Полициското одделение Групчин.

„На 23.05.2024 во Полициско одделение Групчин е пријавено дека по завршување на изборниот процес при прегласувањето во тетовско Ларце на 22.05.2024, при прославата било пукано со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР за „360 степени“.

На повторените избори во шестата изборна единица, коалицијата доби еден пратеник плус за сметка на коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ.

Прегласувањето на парламентарните избори во изборната единица 6 ја намали разликата на освоени мандати на двете коалиции кои ги претставуваат Албанците во државата. Коалицијата „Вреди“ сега ќе има 14 претставници во парламентот, односно еден повеќе од освоените 13 мандати на изборите на 8 мај, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ падна од 19 на 18 пратенички места.

Повторно се гласаше на деум избирачки места во ИЕ 6 и ИЕ 7.


Слично

Поврзани вести