Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вреди: Поранешен кадар на Груевски ортак со Јахоски, човек од доверба на Ахмети - „деалбанизација“ е параван за страв од правосудна одговорност

Вреди: Поранешен кадар на Груевски ортак со Јахоски, човек од доверба на Ахмети - „деалбанизација“ е параван за страв од правосудна одговорност

По апсењата и претресите кои се спроведуваат од вчера, а како што се пренесува во медиумите причина се сомнителни набавки на мазут со кои е направена штета врз буџетот на државата, но уште полошо, врз здравјето на граѓаните и врз целата животна средина. 

Денеска, по објавите дека меѓу уапсените е и син на пратеник од редовите на ДУИ реагираат и од албанскиот блок Вреди, од каде влат на површина излегуваат матните зделки на партијата. 

- Сите патишта на ова раководство на ДУИ водат кон Груевски и Сашо Мијалков. Ратко Капушевски, поранешниот кадар на Груевски за директор на СЦ Борис Трајковски, како играч на Самсоненко и Мијалков станува играч во бизнисот со нафта и се уортачува со синот на Исмаил Јахоски алијас Пуцко Петрол, човекот од највисока доверба на Али Ахмети. 

Со акција на МВР овој режимски картел неофицијално се сомничи за испумпување на 10 милијарди денари преку фиктивни договори чиј предмет е штетен за воздухот и отровен мазут - пишува во соопштението кое Вреди го испрати до медиумите. 

Од таму истакнуваат дека „ова не е само криминал! Ова е и лага! Наводната „деалбанизација“ со која измамнички манипулира ДУИ е само параван за нивниот страв од правосудна одговорност“.

- Оваа партија нема веќе што да скрие од народот! Се покажаа голи пред Албанците и целосно го изгубија кредибилитетот! Нема веќе ткаенина која може да го покрие нивниот срам!

Една од последните епизоди на очајниците се заканите за политичка криза и бојкот.
Станува целосно легитимно прашањето дали зад ова сценарио на ДУИ всушност се кријат Груевски и Мијалков? - прашува на крајот Вреди. 

Слично

Поврзани вести