„ВРЕДИ“: Новата историја ќе ја пишуваме како победници во чисто албанскиот политички кампус
Oд „Вреди“ велат дека историјата ја пишуваат победниците, а не поразените.
Додаваат дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети е поразен на 8-ми мај и сега доаѓа ново поглавје во политичката историја на Албанците во Северна Македонија.
„Таа нова историја ќе ја пишува Влен како победници во чисто албанскиот политички кампус“, велат од коалицијата „Вреди“.
Наведуваат дека времето на 22 години режим на ДУИ двапати со СДСМ и еднаш со ВМРО-ДПМНЕ конечно завршило.
„Партиите кои раководат со Албанските општини како Тетово, Гостивар, Чаир најмалку може да се слаби или неподготвени. Жалиме што Ахмети се мачи да ја прифати реалноста дека ќе биде опозиција. Добро би било да објасни на своите гласачи дали е точно дека на Мицкоски му понудил да избере само 4 министерства кои би му ги дал на целиот Европски фронт без собраниски спикер, за да влезат во неговата Влада наместо Влен?“, велат од „Влен“:
Според нив, недозволиво е еден човек кој пред 25 години се борел за правата на Албанците, сега да предизвикува омраза меѓу Албанците само за да обезбеди амнестија за своите корумпирани функционери.
