ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Вреди“: Коцкањето намалено за 40 отсто откако дојдовме на власт

„Вреди“: Коцкањето намалено за 40 отсто откако дојдовме на власт

Коалицијата „Вреди“ во преписка со ДУИ соопшти дека активностите со коцкање во Македонија, како што велат од таму, се намалени за 40 отсто во изминатиот период, благодарение на затворањето на странските онлајн платформи за обложување. 

Од таму додаваат дека законските измени кај игрите на среќа, кои подолго време се најавуваат, ќе бидат „рестриктивни“.

„Во досегашниот период Владата на ВЛЕН успеа да затвори 226 нелегални он-лајн казина, кои се блокирани само во последната година, а активноста во секторот е намалена за 40  отсто. Тоа се спасени буџети на семејствата и потенцијални зависници .

Казината не се развој, туку разурнување. Ние не сме дел од стариот систем.
 ВЛЕН ја продолжува својата борба против коцкарскиот бизнис, како во сегментот на онлајн коцкањето, така и преку подготовка на нов рестриктивен закон. Тоа ги плаши ДУИ“, велат од владеачката коалиција.

ad
Слично

Поврзани вести