„ВРЕДИ“: Интерпелацијата на Гаши е анти-НАТО експеримент
За „Вреди“, интерпелацијата на спикерот Африм Гаши е анти-НАТО експеримент и обид да се предизвика политички земјотрес за да се стави на тест владиното мнозинство.
Од „Вреди“ велат дека целта на интерпелацијата не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту на Охридскиот рамковен договор, туку за некој да проверел дали опозицијата можела да најде заеднички интерес да дејствува здружено.
„Како и во секој политички експеримент така и во интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, има неопходни елементи. Потребен е мотив како аеродромскиот инцидент. Потоа, координирано се креира хистерија во јавноста. На фанфари се бара политичка одговорност. Се прави конструкција со обезбедувањето на претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е поддржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор“, се наведува во реакцијата на „Вреди“.
СДСМ исто бара смена на Гаши поради инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи минатата недела на скопскиот аеродром.За полицијата, Гаши нема одговорност за настанот.
