Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

Од „Вреди“ велат дека иницијативата за интерпелација на собранискиот спикер Африм Гаши е бесмислен експеримент и обид за дестабилизација. 

Левица поднесе иницијатива за интерпелација која пред пратениците ќе се најде на пленарна седница закажана за во вторник.

„Оваа интерпелација е директен напад врз државните институции и евроатлантската интеграција на земјата. Ова е иницијатива поднесена од анти-НАТО партијата Левица, со отворена поддршка од СДСМ и скриена од ДУИ, кои всушност со ова тестираат проширена опозициска коалиција на штета на стратешките интереси“, велат од „Вреди“.

Од Левица повикаа СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да се вразумат и да ја поддржат интерпелацијата. 

Интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, е заснована на седум точки: 

1. Повреда на секуларноста на државата; 

2. Скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје; 

3. Повреда на употребата на македонскиот јазик; 

4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии; 

5. Неконстатирање на престанок на мандатот на Таљат Џафери; 

6. Патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и 

7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.

Слично

Поврзани вести