Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВРЕДИ“ ГИ ОБЈАВИ НОСИТЕЛИТЕ НА ЛИСТИ: Во единицата е Изет Меџити, во двојката Африм Гаши

„ВРЕДИ“ ГИ ОБЈАВИ НОСИТЕЛИТЕ НА ЛИСТИ: Во единицата е Изет Меџити, во двојката Африм Гаши

Коалицијата „Вреди“ ги објави листите за пратеници.

Носител на листа во изборна единица еден е Изет Меџити, во двојката е Африм Гаши, во третата изборна единица ќе биде Шенер Билали, во четвртата Мендурим Зекмани, во петката Салим Сулејмани, а во изборната единица шест Биљал Касами.

„За прв пат како што рекоа пишуваат историја бидејќи имаат листи во сите шест изборни единици, нешто што досега не го направила ниту една албанска политичка партија“, изјави портпаролот на Движењето Беса, Фатмир Сабриу на прес-конференција.

Како коносител во првата изборна единица се јавува Беким Сали, поранешен министер за здравство, во втората Ријад Шаќири од централното претседателство на Алијанса, а во шестата коносител е Беким Ќоку претставник на косовското движење „Самоопределување“.

Слично

Поврзани вести