Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународен саем за мебел 2015: Вратите на девет хали отворени

Меѓународен саем за мебел 2015: Вратите на девет хали отворени

Ако планирате да се подновите по дома со некое парче нов мебел или пак го реновирате станот имаме одлична идеја за вас.

Вратите на Меѓународниот саем за мебел 2015 во девет саемски хали ќе бидат отворени од денес па се до 29 март и ќе ви овозможат можност да си го најдете она за што мечтаете.

Опрема за домаќинства, репроматеријали, модерни кујни и елегантни бањи, осветлувања, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за уредување градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание се само дел од понудените работи кои излагачите од земјава и странство ќе ви ги понудат.

Но, за сите оние кои ќе се одлучат да бидат дел од овогодинешниот Саем за мебел, имаат шанса да станат потенцијални добитници на автомобил Корса од Опел ексклузивниот партнер Саем за мебел. Се што треба да направите е да одите на Саем да си купите влезница и да се надевате дека вие ќе бидете среќникот.

Слично

Поврзани вести