Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРАТЕНИ 20 ИКОНИ ОД АЛБАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: „По цела деценија ремек делата од 18 и 19 век се дома“

ВРАТЕНИ 20 ИКОНИ ОД АЛБАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: „По цела деценија ремек делата од 18 и 19 век се дома“

Во Музејот на Македонија синоќа беа прикажани иконите што пред повеќе од десет години биле украдени од македонските цркви и преку шверцерски мрежи изнесени во Албанија.

Премиерот Димитар Ковачевски кој присуствуваше на овој настан рече дека после обемна акција на албанската полиција за разбивање мрежа за шверц на културни добра, нашето културно наследство сега е дома.

Историски ден за нашата држава! 20 наши икони, репрезент на она што се творело на крајот од 18-ти и во 19-ти век, после една деценија се вратени дома.

Овие ремек дела се дел од идентитетските одредници и наше богато културно наследство. Враќањето на иконите од Албанија во Северна Македонија е на заедничко задоволство на двете земји, посакуван епилог, благодарение на нашата одлична соработка, добрососедска политика градена врз принципите на ЕУ.

Им честитам и им благодарам на македонските и албанските надлежни институциии и експерти за синхронизираната работа за враќање на иконите во Северна Македонија.


ФОТО: ФБ

Слично

Поврзани вести