Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Вратарите“ Мукоски и Василевски на распит во обвинителството за 27 април

„Вратарите“ Мукоски и Василевски на распит во обвинителството за 27 април

Јавното обвинителство за денеска закажало распит на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски за настаните од 27 април. 

Од снимките на службените камери во Собранието се гледа како двајцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат вратите од главниот собраниски влез пред да влезе толпата која тепаше пратеници. 

На снимките се гледа дека и пратеникот Јохан Тарчуловски им помага. 

За „крвавиот четврток“  15 лица се осомничени за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство и за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Неколку лица веќе се обвинети за обид за убиство, а напаѓачот на Радмила Шеќеринска  е осуден на четири години затвор.

Во настаните од 27 април претрепан беше пратеникот Зијадин Села од Алијансата за Албанците, а со полесни повреди беа повеќе пратеници меѓу кои и премиерот Зоран Заев. 

Слично

Поврзани вести