Враќање на политичките дебати – можно ли е?
ВМРО-ДПМНЕ синоќа доживеа пораз со бројка која мене крајно непријатно ме изненади и никако не ја очекував.” Ова само еден ден по дебаклот на првиот круг на локалните избори, отворено го призна најголемиот поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.
Нешто што до неодамна беше незамисливо, отворено да се зборува за состојбата во која се наоѓа најголемата опозициона партија, одеднаш стана нешто нормално. Како што и самиот Пандов призна, „Само вистина“ е единствената емисија во која бил поканет последните месеци и каде што можел отворено да зборува и да го каже своето мислење и разочарување.

Во емисијата „Само Вистина“, која ја емитува својата втора сезона на „Канал 5“, пред локалните избори се случија најгласните и жестоки дуели помеѓу повеќето кандидати за градоначалници. Непристрасно, остро и без компромис. Ако последните 10 години останаа запаметени како декада на избегнување дуели и едностраност, емисиите како „Само вистина“ со сигурност отвораат нова ера и носат живот за политичките дебати.
Пред вториот круг на изборите, сведоци сме на отворени препирки, обвинувања и директни соочувања меѓу кандидатите, дуели во кои никој не останува поштеден од прашањата кои до вчера не се поставуваа.
Кога конечно, еден ден политичката сцена повторно ќе созрее до степен кога и лидерите на партиите ќе се соочат тет-а-тет, ќе треба да се заблагодариме на овој тип емисии кои ја отворија портата за тоа да се случи.
