Вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска пред официјално прогласување за неправилно
Вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска, во АД ЕЛЕМ е пред официјално прогласување за неправилно од страна на Комисијата за спречување на корупција.
Предметите за вработувањата поврзани со можен непотизам што ги отвори Антикорупциска се при крај, а 24 Вести има информација дека веќе е констатирана неправилост при вработувањето на синот на пратеничката од редовите на Социјалдемократскиот сојуз.
Извори на телевизијата потврдуваат дека синот на пратеничката не ги исполнил условите што биле предвидени со конкурсот за вработување.
Комисијата ќе ги објави официјално одлуките за десетина дена.
Слично
