ВРАБОТУВАЊЕ ЗА ТАТКОТО И БРАТОТ НА ВЕРИЦА БЕЛКОВСКА - Владата на семејството му додели стан на користење во Струмица
За таткото и братот на младата Верица Белчовска која почина и чии органи беља донирани е обезбедено вработување.
Владата им доделила и стан на користење во општина Струмица.
Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипшче, откако утрово имал состанок со семејството на младата Верица.

„Утрово се сретнав со семејството на младата Верица Белчовска чии органи беа донирани и спасија животи. Најмалку што можеме да сториме за овие неизмерно хумани луѓе е да им помогнеме. Преку донатори се обезеди вработување за таткото и братот на Верица, а на почетокот од месецов, Владата им додели на користење стан во општина Струмица. Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен. Ова семејство во моменти кога го изгубија најмилото, мислеа како да спасат други животи, за што сите сме им вечно благодарни“, напиша министерот илипче на својот фејсбук профил.
Како што е познато, младата девојка Верица Белчовска почина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство одлучи нејзините органи да бидат донирани, благодарение на што беа спасени неколку човечки животи.
Семејствата на граѓаните се бескрајно благодарни за овој хуман чин на семејството на младата Верица.
Овој настан ја потресе речиси цела држава, а голем број граѓани изразија поддршка за овој хуман чин за семејството на Белчовска.
