ВРАБОТЕНИТЕ ВО УНИВЕРЗАЛНА НЕ ЗЕЛЕ ПЛАТА ЗА МАЈ И ЈУНИ: Неделков бара итно решавање, во спротивно се заканува со синдикален притисок
Јаким Неделков, претседателот на СОНК, обвинува дека вработените во „Универзална сала“ о Н.У. Центар за култура АСНОМ,Гостивар, немаат земено плата за мај и јуни.
„Додека институциите си ги префрлаат надлежностите, Ј.У. Универзална сала - Скопје и Н.У. Центар за култура "АСНОМ"- Гостивар, немаат земено плата за месец мај и јуни. Останати се и без здравствено осигурување за овие месеци.
СОНК апелира до директорите на споменатите институции од културата, министерството за култура, министерството за финансии и општините Скопје и Гостивар да не си ги префрлаат надлежностите и да ги почитуваат Одлуките на Управните одбори, со што се поништува претходното решение на директорот.
Воедно, ја повикуваме и трудовата инспекција да постапи, да констатира и да задолжи исплаќање на заостанатите плати и придонеси на плата.
Во овој период од годината, период на годишни одмори кога би требало да се оди на одмор, овие работници остануваат три месеци без плата и здравствено осигурување, гладни и жедни на 40°С под сенка.
СОНК жестоко реагира и бара од надлежните во институциите итно решавање на ваквата ситуација.
Во спротивно, ќе бидеме приморани да организираме синдикални дејствија со кој ќе извршиме притисок за што поитно решавање на проблемот“, објави тој.
