Вработените во СЈО нема да ги добијат заостаните придонеси
Луѓето кои работеа во СЈО сепак нема да ги добијат заостаните придонеси, бидејќи Уставниот суд ја укина Уредбата на Владата.
Уставниот суд денеска на седница одлучи да ја поништи Уредбата на Владата со која се предвидуваше исплатата на заостанатите придонеси за вработените и трошоци за комуналните услуги.
На една од претходни седници, уставните судии решија да поведат постапка за оценување на уставноста на оваа Уредба и времено да ја запрат до конечната-денешна одлука.
Проблемот со исплатата на трошоците се појави по оставката и разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет“.
Таа беше единствена овластена да ги потпишува налозите.
Обвинителите од СЈО, уште од септември лани, со одлука на Советот на јавни обвинители се вратени на работа во матичните обвинителства.
