„ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ ГИ ПРОСЛАВАТ СО ПОСНА ТРПЕЗА“: се огласи лидерот на СОНК со посебно барање
Во пресрет на најголемиот Христијански празник, вработените во Културата испоснички го дочекуваат Христовото раѓање.
И покрај заложбата на СОНК и притисокот врз министерството за Култура , мартовската плата не е исплатена. СОНК смета дека институциите на системот мораа да изнајдат начин до ова да не дојде, што за жал, околу 4.000 вработени во Културата Велигденските празници ќе ги прослават со посна трпеза.
Ова го истакна денеска преку социјалните мрежи претседателот на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков.
Тој објавата ја заврши со барање надлежните веднаш по празниците да ги исплатат платите на сите вработени во културните уставнои.
- СОНК бара од министерствата да вложат вонредни напори и веднаш после празникот да се исплати заостанатата плата во установите од Културата - заклучи Неделков.
Еве ја неговата објава:
Слично
