ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФЛОРАКОМ И ЛУНА ОСТАНАА БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ - ќе продолжат со блокада на булеварот Илинден
Вработените во компаниите основани од ЈП Паркови и Зеленило, Флораком и Луна и денеска и покрај дождот протестираа и бараат исплата на платите.
- По некопкудневните протести на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје, ДООЕЛ Флораком Скопје и ДООЕЛ Луна Скопје и СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности и по радикализацијата на протестите со блокирање на повеќе раскрсници и мостот Гоце Делчев во Скопје вчера им беше исплатена плата на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје, но не и на вработените во Флораком и Луна.
Денес врботените од Флораком и Луна повторно протестираа блокирајќи го блеварот Илинден во Скопје.
Доколку и денес не им се исплати августовската плата поради што вработените останаа и без здравствено осигурување, протестот на вработените од Флораком и Луна ќе продожи со блокада на бул. Илинден во период од 10 до 12 часот се до исплата на платата за месец август - нагласуваат од Сојузот од Синдикатот на Македонија.
Од таму истакнуваат „благодарност до вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кои денес искажаа солидарност и се приклучија на протестот на своите колеги од Флораком и Луна“.
На темата:
Слично
