ВРАБОТЕНИТЕ ОД ПОШТА ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ - им доцни платата
Вработените во Македонска Пошта денеска протестираат во цела држава поради тоа што платата, иако е 23 јануари, се уште не им е исплатена, објави Сојузот на Синдикатите на Македонија.
- Претседателот на Синдикатот во Македонски пошти денеска заедно со вработените нагласи дека протестите ќе траат додека платата не биде исплатена, а менаџментот ќе биде известен дека доколку следната плата не биде исплатена до 15 јануари, веднаш ќе се започне со протест, а не е исклучен и штрајк на сите вработени - се наведува во нивното соопштение.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов нагласи дека нема работа без плата и дека луѓе блиски до раководството на Пошта им се заканувале на вработените да не излегуваат на протест.
Синдикатот кој го организира протестот вели дека ова не е прво доцнење на платата.
- Три, четири месеци доцни платата. Вработените се крајно револтирани и затоа што 60% од нив земаат минимална плата, и таа плата не ја земаат редовно. 1.700 вработени чекаат плата. Од нив 300 поштари на кои не им е регулиран статусот – изјави Сашо Димитриески, претседател на синдикалната организација на Пошта.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
