Вработените од Југохром на протест - бараат да продолжат со работа
Вработните од фабриката Југохром од Јегуновце утре повторно ќе протестираат, но овој пат во Скопје со барање да се вратат на работа откако печките беа згаснати.
Синдикатот на вработените на „Југохром Алзар“ ќе организира уште еден протестен собир против неоправданото исклучување на печките од работа во фабриката. Мирниот протест ќе се одржи утре, в четврток во Скопје, со блокада на крстосницата пред Судската палата. Протестот ќе трае еден час, односно од 12 до 13 часот.
Потоа, вработените ќе се упатат пред Инспекторатот на Министерството за животна средина, каде што ќе биде доставено протесното писно против неоправданото искучување на печките.
Слично
