Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените од „Југохром“ да се вратат на работа - ако не ќе блокираат патишта

Вработените од „Југохром“ да се вратат на работа - ако не ќе блокираат патишта

Вработените од фабриката „Југохром“ од Јегуновце најавија блокада за сабота на автопатот Тетово – Скопје кај рампата Желино. 

До надлежните имаат три барања, за кои велат дека ако не се исполнат ќе го блокираат и стариот пат. Тие бараат итно повлекување на забраната за работа на фабриката, вработените да се задржат на работа, а филтрите за прочистување што поскоро да се изградат.

Од Синдикатот велат  дека „Југохром“ не е причината за големата загаденост на воздухот во Тетово. Побараа надлежните да направат анализа на воздухот, а податоците да бидат јавно објавени. 

„Југохром“ не работи од минатата недела откако Инспекторатот за животна средина одлучи да го затвори комбинатот, поради пробивањето на двегодишниот рок за изградба на филтер-станица, кој истече на 31-ви октомври годинава. Околу  700 работници поради затварањето се испратени на принуден одмор.


Слично

Поврзани вести