Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените на МПМ во нов шок, објавен оглас за новинари но, од фирмата ќерка

Вработените на МПМ во нов шок, објавен оглас за новинари но, од фирмата ќерка

Нова неизвезност ја опкружува МПМ групацијата откако се појави оглас на нејзината ќерка фирма Медиа Принт Доел на кој се бараат 55 новинари, што е премал број доколку се земат во предвид сите вработени во изданијата и весниците. Токму затоа дел од вработените во МПМ денеска одржаа краток протест пред своите редакции барајќи одговори што ќе значи овој оглас за нивната иднина. 

Фирмата Медиа Принт Доел е регистрирана на Александар Динев но, тој денеска сеуште не даде изјава за медиумите. Синдикатот на новинарите и медиумските работници побара средба со Срџан Ќерим директорот на МПМ со цел да се разјасни состојбата.

Новинарите во „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“  посочија дека утринава добиле имејл со кој им се наложува да се пријават и да испратат биографија за вработување  во новата фрима ќерк на МПМ, Медиа принт Дооел.

Постои страв дека дневните весници „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“ ќе згаснат, а фирмата „Графички центар“ во која досега беа вработени, ќе оди под стечај и дека ќе треба да конкурираат на новиот оглас.

И вработените побарале средба со менаџментот за она што ќе се случува натаму во фирмата, но досега не добиле никаков одговор.

Фирмата Медиа принт Дооел од семејството на МПМ што беше отворена во крајот на февруари оваа година вчера објави оглас за вработување 55 новинари. Ангажманот е на определено работно време од шест месеци, а платата е 20 илјади денари.

Лошата финансиска состојба во овие медиуми трае со години, а пред нова година новинарите излегоа на штрајк поради неисплатени плати.

Слично

Поврзани вести