Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРАБОТЕНИТЕ НА АД ПОШТА НА ПРОТЕСТ - бараат плати и реорганизација поради „сериозност на состојбите“

ВРАБОТЕНИТЕ НА АД ПОШТА НА ПРОТЕСТ - бараат плати и реорганизација поради „сериозност на состојбите“

Нов протест ќе одржат денеска вработените во едно од најголеми Акционерски друштва под „закрила“ на државата, АД Пошта. 

Тие бараат исплата на платата за месец април, но воедно и итно да започнат реформи за реорганизација и оптимизација во работењето на оваа институција. 

Од синдикатот на АД Пошта посочуваат дека состојбите во неа се многу лоши, и неопходни се конкретни мерки за зачувување на работните места на вработените. 

- Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијатa на нивните семејства, синдикалните организации и вработените на ден 22.05.2024 год (среда) со почеток на работното време од 08.00 чaсот ќе одржат протест во сите подружници во Македонија - велат од синдикатот на АД Пошта.

Вработените, како што наведуваат од синдикатот, со протестот ја отпочнуваат постапката за штрајк.

Слично

Поврзани вести