Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените кои комуницирале со сопствениците на „Пулс“ остануваат суспендирани: УЈП ќе одлучува согласно законите, соработува со надлежните институции

Вработените кои комуницирале со сопствениците на „Пулс“ остануваат суспендирани: УЈП ќе одлучува согласно законите, соработува со надлежните институции

Управата за јавни приходи ќе ја остави мерката - суспензија за инспекторот Драган Паунов (брат на претседателката на скопскиот Кривичен суд, Даниела Димовска) и контролорот Дуле Димитриев, двајцата вработени кои комуницирале со сопствениците на „Пулс“.

Од таму за Фактор велат дека целта на мерките е да се обезбеди институционален интегритет и да се зачува угледот.

„Во согласност со претходно објавените информации, јавноста е запознаена со преземените мерки кон двајца службеници. Истите мерки остануваат во сила сè додека траат релевантните постапки за утврдување на фактичката состојба. Целта на овие мерки е да се обезбеди институционален интегритет, да се зачува угледот на Управата за јавни приходи и да се одржи довербата на граѓаните. Во однос на вработените, Управата ќе постапува исклучиво во согласност со законските прописи и Колективниот договор, при што активно соработува со сите релевантни институции“, велат од УЈП за Фактор.

Управата ќе ги носи одлуките за понатамошно постапување врз основа на резултатите од тековната постапка, за како што велат, да се обезбеди транспарентност и отчетност.

А.Т.

СЕДУМ МЕСЕЦИ ТРАЕ ИСТРАГАТА ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЗА „ПУЛС“: Не се знае ниту до каде е предметот против инспекторите од УЈП и други институции

Слично

Поврзани вести