Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработениот што ја кршеше и запали директорската канцеларија во Пелагонија повикан по пет дена во полиција

Вработениот што ја кршеше и запали директорската канцеларија во Пелагонија повикан по пет дена во полиција


Отпуштениот работник кој ја демолираше и запали канцеларијата на директорот на Студентскиот дом „Пелагонија“ пред пет дена, дури вчера бил повикан на информативен разговор во полиција.

„Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 10 часот бил извршен службен разговор со Н.Ј.(35) од Скопје поради сомнение дека на 11.11.2022 во канцеларијата на директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, поради непродолжен договор за работа, со тврд предмет оштетил дел од инвентарот и со бензин предизвикал пожар“, соопштија од МВР.

Како што информираа денеска од МВР, во службениот разговор тој го признал делото. Н.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ 

Претходно медиуми информираа дека тој не добил продолжување на договорот по што следувала неговата непромислена реакција, а вработените во студентскиот дом со навремено спречиле поголем пожар и штета.

Слично

Поврзани вести