Вработениот што го „испразни“ трезорот на НЛБ доби познат адвокат
Бобан С. вработениот во НЛБ Банка кој преку ноќ стекна своевиден статус на македонскиот Робин Худ покрај популарноста на социјалните мрежи, успеа да ангажира многу познат адвокат, а тоа ни помалку ни повеќе Љупчо Шврговски, поранешниот јавен обвинител.
Шврговски за Мета потврди дека се нафатил да ја води одбраната на Бобан С. на кој му е изречен 30 дневен притвор, а е осомничен дека од трезорот на НЛБ Банка успеал да извлече околу 3 милиони евра во повеќе наврати.
Слично
