Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРАБОТЕНИ ВО НАЦИНАЛНИ ШУМИ СЕЧЕЛЕ ДРВА, АМА НЕ ЕВИДЕНТИРАЛЕ: го оштетиле ЈП Национални шуми за над 9 илјади евра

ВРАБОТЕНИ ВО НАЦИНАЛНИ ШУМИ СЕЧЕЛЕ ДРВА, АМА НЕ ЕВИДЕНТИРАЛЕ: го оштетиле ЈП Национални шуми за над 9 илјади евра

Четворица жители на Вевчани добија кривична пријава откако биле фатени како фалсификувале документи за сечење огнено дрво, при што го оштетиле ЈП Национални шуми за над 9 илјади евра. 

Како што соопштува Секторот за внатрешни работи Струа, ОВР Струга поднела кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење на службата“.  

- Првопријавениот В.Р., во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица - Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП „Национални Шуми“, склучил договор за позајмица со правно лице од струшкото село Велешта и со неизвршување на службена должност и вршење должен надзор не спречил и не санкционирал незаконско работење на останатите вработени во претпријатието. 

Второ и третопријавените, вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ - Подрачно шумско стопанство Јабланица - Струга ја злоупотребиле својата службена положба и спротивно на своите должности и овластувања, не поднесувале примероци од испратници во сметководство и не евидентирале сеча во износ од 127,32 кубни метри буково огревно дрво, додека четвртопријавениот, исто така, вработен во претпријатието ја злоупотребил својата службена положба и спротивно на своите должности, во една испратница внесувал два вида на договори и двајца купувачи. 

Со тоа, пријавените на правното лице од селото Велешта  му овозможиле до својот склад бесправно да го пренесе бесправно исеченото огревно дрво  и на тој начин да се стекне со противправна имотна корист, а на штета на ЈП „Национални шуми“ во висина од 570.569 денари - се посочува во објавата на СВР Охрид. 

Фото: Принтскрин/Фејбсук

Слично

Поврзани вести