Вработени на РЕК краделе нафта, пријави против седуммина
Вработени на РЕК Битола вршеле злоупотреби со службената употреба на возилата и точењето на нафта при што се стекнале со противправна корист. Затоа СВР Битола поднесе кривични пријави против седуммина вработени од РЕК „Битола“ поради сомневање за сторено кривично дело несовесно работење во службата и затајување.
Наместо секојдневно да се раздолжуваат за сметките со гориво, прво, второ, трето, четврто, петто и шестоосомничениот не го известиле раководителот за забележаните аномалии во текот на работењето при прием или издавање гориво, со што предизвикале штета во висина од 150.000 денари.
Седмиот осомничен во март и април годинава, според мониторинг-системот на РЕК „Битола“, го управувал минибусот сопственост на АД „Електрани“, подружница РЕК „Битола“, и притоа танкирал гориво во главниот и во помошниот резервоар за гориво со капацитет од 25 литри нафта сместен во задниот дел на автобусот кој не го користел за парно греење во возилото, со што противправно присвоил 200 литри нафта и стекнал имотна корист од 8.000 денари.
