Вработена во Управата за матични книги завршила во болница - откако физички била нападната
Вработена во Управата за водење матични книгу била физички нападната од едно лице, по што дури била пренесена и во болница. Ова го соопшти Полицијата.
„На 05.05.2020 во 15.33 часот во СВР Скопје, С.Н.(47) од Скопје пријавила дека околу 13.40 часот, додека извршувала работни задачи како обезбедување во Управа за матични книги на ул.„Кеј 13 Ноември“, била физички нападната од едно лице. С.Н. била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, стои во билтенот на МВР.
Слично
