Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработена ќерката на директорката која не отстапува од албанска паралелка во Чашка

Вработена ќерката на директорката која не отстапува од албанска паралелка во Чашка

Ќерката на директорката на основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, позната по тоа што локалните жители и се нафрлија поради тоа што не отстапува од формирање албанска паралелка во етнички чиста македонска средина, од пред десетина дена се вработила во Државниот просветен инспекторат,.

Нововработената ќерка на Елена Николова е поставена на позицијата советник во Инспекторатот за просвета каде што директор е Халил Фератов од Горно Јаболчиште, општина Чашка, кој инаку е кадар на Алијанса за Албанците, дознава А1он.

Инаку Фератов му наложи на Министерството за образование и наука да му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски, поради тоа што не отворил албанска паралелка во централното училиште иако во тој реон не живеат Албанци.

Минатата недела, гневна толпа на родители на децата oд училиштето „Тодор Јанев“ кои неколку недели ја бојкотираат наставата поради одлуката на МОН да се отвори албанска паралелка, и се нафрлија на директорката Николова, а полицијата мораше да интервенира и спречи поголем инцидент во моментот кога таа доаѓаше во училишниот двор.

Слично

Поврзани вести