Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработен во полиција не евидентирал пријавено нанесување тешка телесна повреда

Вработен во полиција не евидентирал пријавено нанесување тешка телесна повреда

МВР објави дека вработен во СВР Штип заштитил насилник со тоа што не евидентирал пријава за нанесување тешка телесна повреда.

- СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ч.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување на кривично дело или сторител“и „помагање на сторител по извршување на кривично дело“. 

На 02.10.2025, додека извршувал работни задачи во СВР Штип, пријавениот свесно пропуштил да пријави извршено кривично дело „тешка телесна повреда” од страна на едно лице, на кого со прикривање на трагите и предметите кои потекнуваат од извршеното кривично дело, му помогнал да не биде откриен, објави полицијата.


Слично

Поврзани вести