ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје
Вработен во јавно претпријатие Тополка од општина Чашка бил фатен како си претура нафта во пластични туби од возилата на јавното претпријатие.
Тој бил лишен од слобода возач откако полицајците го затекнале во моментот на кражба на нафта од камион на претпријатието
- На 16.07.2025 во 12.45 часот во атар на село Раковец, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Ѓ.(57) од општина Чашка. На депонија во атар на село Раковец, тој бил затекнат од полициски службеници како од резервоарот на службено возило на Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка, каде е вработен како возач, претура нафта во пластичен сад. На местото од него се одземени две пластични туби од шест и 10 литри полни со нафта и едно црево - се посочува во соопштението на МВР.
Потоа додаваат дека, по наредба на Основен суд Велес извршен е претрес во домот на Д.Ѓ., при што се пронајдени и одземени седум патрони калибар 16, две пакувања со црна прашкаста материја, 15 иницијални каписли за патрони, машинка за затворање на патрони за ловечка пушка, кожен ремен за патрони, празни патрони за ловечка пушка и други предмети.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно негово документирање, против Д.Ѓ. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Слично
