Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработен „Чистота и зеленило“ ја „олеснил“ за 1.5 милиони денари

Вработен „Чистота и зеленило“ ја „олеснил“ за 1.5 милиони денари

Од финансиска полиција информираат дека е откриен и документиран финансиски криминал во јавното претпријатије „Чистота и зеленило“ во Куманово, тежок 1,5 милиони денари. 

До Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена кривична пријавата против вработен во претпријатието, за „проневера во службата“ и „послужување во службата“.

Вработениот во периодот од ноември 2008 до август 2015 година, неовластено присвоил средства од благајната на претпријатието, кои не ги евидентирал, а уништувал и документација, потврдуваат  од Управата за финансиска полиција. На овој начин оштетен е буџетот на претпријатието.

Додаваат и дека се истражуваат и други сегменти од работењето на ова јавно претпријатие.


Слично

Поврзани вести