Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врабевски најави 20 бугарски клубови во Македонија и вели вистината ќе се разбере

Врабевски најави 20 бугарски клубови во Македонија и вели вистината ќе се разбере

Има најава дека во Македонија ќе се отворат 20 бугарски културни клубови. 

Финансиерот на бугарските клубови во Битола и Охрид, бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, гостуваше во емисија на Бугарската национална телевизија БНТ и говореше на оваа тема. 

„За бугарските клубови во Северна Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, уште 20 клуба и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Тоа ќе ве ослобод“, изјави тој.

Врабевски зборуваше и за ,,Југословенски модел”, како што кажа најлошиот модел на светот. Според него, на луѓето им се испратни мозоците, а територијата е украдена од Бугарија. 

Во Охрид имаше неколку напади на бугарскиот клуб. Кон него беше пукано и со огнено оружје. Бугарските власти реагираа до Македонија за нападите. 

Слично

Поврзани вести