Возовите утре нема да сообраќаат
Железничкиот сообраќај од утре e во прекин.
Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ најавува дека од утре во седум часот ќе го прекине железничкиот сообраќај.
Претставникот на машинскиот персонал Душко Чакаровски вели дека причина е неисплатениот надомест за материјални трошоци што требале да го добијат заклучно со денеска. Бојкотот е во согласност со Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци. И лани имаше прекини на железничкиот сообраќај.
Слично
