Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗОВИТЕ ТРГНАА: Исплатен вториот дел од октомвриската плата

ВОЗОВИТЕ ТРГНАА: Исплатен вториот дел од октомвриската плата

На работниците во МЖ Транспорт им е префрлен вториот дел од октомвриската плата, по што сообраќајот е нормализиран. 

Неисплатената плата беше причина за блокада на товарниот и патничкиот железнички транспорт во изминатите два и пол дена.

Надлежните најавија дека претпријатието се соочува со сериозни проблеми. Ќе се проверува работењето на претходното раководство.

Нормализирањето на сообраќајот следи по средбата што изутрина ја имаа вработените и менаџментот на МЖ Транспорт со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека во МЖ има сериозни проблеми и се потребни радикални промени.

„Проблемот во МЖ  не е настанат преку ноќ. Многу е лошо кога проблемите ќе се кријат долги годни под тепих и нема да се кажат транспарентно. Во МЖ има сериозни проблеми, имаат сериозен долг, мал обем на работа, големи трошоци  и нивното опстојување  е проблематично“- вели Анѓушев. 

Според него,  дека единствен начин да функционираат нормално е да го  зголемат обемот на работа и притоа да ги намалат трошоците.

Анѓушев потенцираше дека од доаѓањето на новата Влада во МЖ плата се зема месец за месец и се исполнуваат сите обврски  кон вработените, но има заостанати проблеми кои мора да се решат. 

Слично

Поврзани вести